СВЕЧЕН ЧИН-ПОДЕЛБА НА МЕДАЉИ
На ден 25.08.2019 година, во просториите на МФС ќе се одржи свечена церемонија на поделба на медаљи од оваа учебна година. Со други зборови ќе се изврши свечено доделување на медаљи од
-ЈУНИОРСКА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2019
-ОЛИМПИЈАДА ПО ФИНАНСИСКА МАТЕМАТИКА И АКТУАРСТВО 2019
-МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2019
Ве покануваме вие и вашите блиски да присуствувате на овој свечен чин. Поделбата ќе отпочне од 10:00 часот.
Со почит
______________________________________________________________________
ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА 2019
Ве известуваме дека на ден 13.09.2019 година ќе се одржи ИРАНСКАТА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА. Почеток на олимпијадата е во 10:00 часот на Машински факултет Скопје. Да напоменеме дека оваа година оваа олимпијада, како и сите олимпијади од овој тип ќе бидат БЕСПЛАТНИ. Пријавување за учество на олимпијадата е 07.09.2019 година.
Со почит
Алекса Малчески
26/07/2019
МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2019-ФИНАЛНИ РЕЗУЛТАТИ
Во прилог се резултатите од медитеранската математичка олимпијада 2019 година.
резултати МеМО види тука
Вредно е да се напомене дека овие резултати се постигнати во крајно тешки услови на работа, со крајно намален број на деца учесници, што секако ги прави и поблескави. Комисијата за меѓународни натпревари им се заблагодарува на сите учесници на овие настани во нашата држава, секако ако се има во предвид дека во ваквите услови нашите олимпијци освоија 35 медаљи, меѓу кои една златна како и неколку сребрени медаљи(најмногу досега). Им се заблагодарувам на верниот дел од македонската заедница на укажаната доверба во оваа година, а секако и на бројните неодлучни колеги и школи, кои во школски пример беа услужени најдобро што можеше во однос на сите претходни години.
Дописите може да бидат долги и бескрајни, па заради тоа ЧЕСТИТО ОЛИМПИЈЦИ.
Со почит
19/07/2019
ОЛИМПИЈАДА ПО ФИНАНСИСКА МАТЕМАТИКА И АКТУАРСТВО 2019-финални резултати
На почеток морам да се извинам на колегите заради доцното објавување на финалните резултати. Секако тоа не е заради нас, бидејќи резултатите ги добивме пред неколку дена. Да напоменеме дека иоваа година нашите ОЛИМПИЈЦИ дадода се од себе заедно со нивните професори и нивните резултти се повеќе од одлични. Нашата држава има еден сребрен, три бронзени медаљи, како и четири пофалници на ова натпреварување. Да им го честитаме успехот на нашите средношколци.
листа на пласман СЕНИОРИ
листа на пласман ЈУНИОРИ
Со почит
13/07/2019
ОД СВЕАТОТ НА МАТЕМАТИКАТА
Во прилог е пнудата која ја добивме од нашето соседство за учество на математички камп во ПАМПОРОВО, Родопски планини. Предност имаат учениците кои учествувале на вториот круг на кенгур. Пријавување на меилот
kangaroo.macedonia@gmail.com
Лидерот на тимот (професорот) има ексклузивно право на избор на учениците за оваа манифестација која произлегува од овој натпревар.
писмо покана види тука
Рок на пријавување е 01.07.2019 година.
Со почит
Алекса Малчески
24/06/2019
Сојузот на математичари на Македонија е здружение на граѓани математичари од Македонија, настанат со здруженија на граѓани, организирани во друштва на математичари во градовите од Македонија, заради усогласување и остварување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон негување популаризација и унапредување на математиката и нејзина примена.