Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]

18-та ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА

  18-тата Јуниорска балканска математичка олимпијада ќе се одржи во периодот од 21-26. 06.2014 година во Република Македонија. Македонија како земја домаќин на истата, ќе учествува со два тима: репрезентација-МАКЕДОНИЈА А и репрезентација-МАКЕДОНИЈА Б, или вкупно со 12-ученици од основното образование. Репрезентациите ќе бидат избрани традиционално по завршување на циклусот натпревари во основното образование. 
      Место на одржување е ОХРИД, хотел МЕТРОПОЛ.

14/02/2014

Календар на натпревари во основното образование

-Општински натпревар за учениците во основното образование:    23.04.2014 година
-Регионален натпревар за учениците во основното образование:   03.05.2014 година
-Државен натпревар за учениците во основното образование:        17.05.2014 година
-Јуниорска македонска математичка олимпијада:                             31.05.2014 година

06/04/2014

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Општинскиот натпревар за учениците од основното образование за првпат во Република Македонија ќе се одржи на 23.04.2014 година со почеток во 12 часот. Правилата за одржување на натпреварот се одредени со правилникот за натпревари во основното образование(види повеќе)
Во општините во кои не е определен домаќин(види повеќе)

16/04/2014

Општински натпревар за ученици од основното образование 23.04.2014 година

Општини во кои ќе се одржи натпревар а не беа на претходниот список
Карпош_натпреварот ќе се одржи во ОУ Владо Тасевски
Кисела Вода_натпреварот ќе се одржи во ОУ Кирил Пејчиновиќ
Гази Баба_натпреварот ќе се одржи на Природно математичкиот факултет
Бутел_натпреварот ќе се одржи на  Природно математичкиот факултет
Сопиште_натпреварот ќе се одржи на  Природно математичкиот факултет
Сарај-натпреварот ќе се одржи на  Природно математичкиот факултет
Арачиново_натпреварот ќе се одржи на  Природно математичкиот факултет
За општините за кои натпреварот ќе се одржи на  Природно математичкиот факултет, учениците ќе бидат примени на натпревар исклучиво ако се во придружба на своите ментори. 

22/04/2014

Страни: 123> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.