ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2017 - ПРИЈАВЕНИ УЧЕНИЦИ
ПОЧИТУВАНИ
Како и претходните години и оваа година во Република Македонија се организира ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2017. Во прилог е ДОПОЛНИТЕЛНИОТ список на ученици кои се пријавија на оваа престижна олимпијада:
пријавени ученици види тука
На сите ученици кои се пријавени им го потврдуваме учеството. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Машинскиот факултет на 16.12.2017 година со ПОЧЕТОК ВО 09:30 часот. На сите учесници им пожелуваме пријатни припреми, пријатно учество и добри резултати и оваа година како и претходните четири години.
Со почит АЛекса Малчески
____________________________________________________________________________
СИГМА 108 и СИГМА 109
Сојузот на математичари продолжува со својата континуирана дејност на своите изданија. Од печат излегоа два броја од математичкото списание СИГМА, и тоа Сигма 108 и Сигма 109.
Начинот на нарачка е ист како и претходните години.
Со почит Алекса Малчески
13/12/2017
ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2017
ПОЧИТУВАНИ
На 16.12.2017 година ќе се одржи традиционалниот математички натпревар ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2017. Време за пријавување на натпреварот е 10.12.2017 година(до 23:59). Секој пријавен учесник ќе добие официјално писмо покана за учество на натпреварот. Заради тоа, официјалното пријавување е задолжително. Правилата за учество на натпреварот се еднакви како и во претходните години. Истите ги постауваме и сега:
услови за одржувањ ена натпреварот види тука
Со почит Алекса Малчески
претседател на СММ
____________________________________________________________________________
НУМЕРУС 43_2
Од печат излезе новиот број од математичкото списание НУМЕРУС 43.2, Сите заинтересирани купуваши истото може да го нарачаат на вообичаениете начини.
Со почит Алекса Малчески
09/12/2017
СИГМА 106 и СИГМА 107
ПОЧИТУВАНИ
Најновите броеви на научно-популарното списание СИГМА, т.е. неговите два наредни броја СИГМА 106 и СИГМА 107 се отпечатија. Секој заинтересиран може истите да ги порача на вообичаениот начин. Телефонски број на кој може да се бараат овие списанија е 075321093.
Со почит
Алекса Малчески
____________________________________________________________________________
Сојузот на математичари на Македонија ве известува дека во печат влезе првиот број за 2017 година од научното списание МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН.
Со почит АЛекса Малчески
претседател на СММ
04/11/2017
ПОШТА
Почитувани
На дена 20.10.2017 година испратена е пошта до сите школи во Република Македонија. Во пликот покрај другите работи има:
-Сертификат за акредитиран професор за натпревари по математика
-Брошура за активностите на СММ во оваа учебна година
-Сертификати од натпреварите по математика за учебната 2016/2017 година
и друго...
Ве молиме внимателно прочитајте го писмото кое е во секој плик.
Брошура на активностите на СММ во 2017/2018 година види тука
СЕ ЗАМОЛУВААТ СИТЕ СКОПСКИ УЧИЛИШТА СВОЈОТ ПЛИК ДА ГО ПОДИГНАТ ПРЕКУ ТАТЈАНА ШЕКУТКОВСКА (075 321093)
Со почит Алекса Малчески
претседател на СММ
21/10/2017