Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР КЕНГУР 2017

ПОЧИТУВАНИ
На барање на голем број на школи, рокот за пријавување за МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2017, се продолжува и ќе трае до 11.03.2017 до 12 часот. 
Со почит Алекса Малчески

06/03/2017

АЗИСКО ПАЦИФИЧКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2017/SEEMOUS 2017

ПОЧИТУВАНИ
Азиско-Пацифичката математичка олимпијада ќе се одржи на 14.03.2017 година. Учеството на математичките олимпијади и воопшто на МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ е важен момент во кариерата на секој поединец ако за тоа има шанса. Како што покажува искуството, едно одличје од ваква манифестација, организирана од субјект кој има добар рејтинг, суштински го менува животниот тек на секој поединец носител на истото. Секако дека најважно од се е храброста за соочување на секој пријавен кандидат со реалноста во која се наоѓа и одмерување на силите, со што воедно меѓународно се рангира, со своите врсници од целиот свет. Посебно е важно да се учествува на олимпијади кои имаат голем број на учесници и се од престижен карактер како што е АЗИСКО-ПАЦИФИЧКАТА олимпијада каде што учествуваат ваши врсници од земји кои највисоко котираат на ранг листата на успешност во меѓународните олимпијади.
Олимпијадите имаат посебна улога во образовниот систем на секоја земја и треба да бидат еден од индикаторите за состојбата на образовниот систем, а воено и еден од навигаторите за насоките на движење на истиот во целост. 
Како што е вообичаено, секогаш се пробиваат роковите за пријава. Заради тоа СММ го продолжува рокот за пријава на APMO 2017 до 11.03.2017 година. Истото се прави за да се даде шанса на кандидатите кои не се на списокот кој подолу го објавуваме. Кандидатите кои не се на списокот а се пријавиле за учество на APMO 2017 да испратат дополнителен меил со кој ќе го потврдат своето учество. Секако дека последните олимпијади пред одредување на екипите за учество на EGMO, BMO, JBMO и IMO се најважни и се одлучувачки, бидејќи покрај стекнатите знаења се оценува и моменталната форма за учество на меѓународните олимпијади. 
Досега пријавени кандидати за учество на APMO 2017 види тука
Со почит Алекса Малчески
____________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ
Од 28.02.2017 до 05.03.2017 година во ХОТЕЛСКИОТ КОМПЛЕКС МЕТРОПОЛ-Охрид се одржа 11-тата меѓународна математичка олимпијада SEEMOUS 2017. На истата учество зедоа 84 кандидати од 18 универзитети од Балканот и целиот свет. СММ има веќе тригодишно искуство со учество на оваа манифестација и во поледните три години два пати беше домаќин на истата. Оваа година по бројот на учесници SEEMOUS 2017  беше најмалку посетена но секако времето ќе покаже дека е највредна од сите досега одржани 11 олимпијади. Освоени се просечно по 18 поени по учесник што секако е асолутен рекорд досега. СММ секако треба да им се заблагодари  на членовите на перфектните тимови:  на PROBLEM SELECTION COMMITTEE и на тимот на КООРДИНАТОРИ, како и на CHAIRMAN-от на олимпијадата. Голема благодарност до ТИМОТ на ХОТЕЛСКИОТ КОМПЛЕКС МЕТРОПОЛ-за нивната ПЕРФЕКЦИЈА и БЕСПРЕКОРНОСТ во текот на 6-дена престој во нивните капацитети кои несомнено дадоа голем проднес за досега организационо најуспешниот одржан SEEMOUS. 
Со почит Алекса Малчески

05/03/2017

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2017

ПОЧИТУВАНИ
Државниот натпревар за учениците од средното образование во учебната 2016/2017 година ќе се одржи на 18.03.2017 година. ТОа е единствен натпревар од кој се бираат учесниците на овогодишната Македонска математичка олимпијада 2017. На Државниот натпревар учество обезбедија сите ученици кои на Регионалниот натпрвар имаат освоено 42 поени и повеќе. ВО прилог е писмото покана за учество на Државниот натпревар за учениците од средното образование. 
писмо покана   види тука
Со почит Алекса Малчески

26/02/2017

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2017/SEEMOUS 2017/РЕЗУЛТАТИ РЕГИОНАЛЕН СРЕДНО

ПОЧИТУВАНИ
Денеска 25.02.2017 година се одржа 4-от ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ од основното образование. Иако најнизок по ранг во низата настани кои следуваат сепак по својата импозантност и посебно по демократската атмосфера во која протече е еден од најголемите настани настани оваа година. Секако посебно обележје на овој настан, покрај огрмниот број на учесници, е тоа што на барање на школите истиот се одржа покарај на македонски јазик, уште на три други јазици на националните малцинства, а кои наставата ја посетуваат на својот мајчин јазик. 
ЗАДАЧИ
1. формулации на задачите  види тука
2. формулации на јазиците на националностите
                -албански    види тука
                -српски        види тука
                -турски         види тука
На сите учесници СММ им го честита успехот и им пожелува успех на натамошните натпревари. 
Со попчит Алекса Малчески
____________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ
На прагот сме на одржување на уште еден ИМПОЗАНТЕН настан кој го организираат членовите на СММ. Од вторник 28.02.2017 год 05.03.2017 во Охрид, Република Македонија ќе се одржи 11-тата меѓународна олимпијада за студентите од 18 универзитети на Југоситочна Европа-SEEMOUS 2017. Наскоро на страната 
    www.seemous2017.smm.com.mk
сите детаљи. 
Со почит Алекса Малчески
____________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ
ВО прилог се резултатите од Регионалниот натпревар за учениците од средното образование: 
Регион   Скопје   види тука
Регион   Битола, Прилеп, Д.Хисар, Ресен   види тука     
Регион   Куманово, Кратово, Крива Паланка, Св. Николе, Пробиштип   види тука   
Регион   Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Маврово-Ростуше, Центар Жупа, Кичево, 
               Гостивар, Тетово   види тука  
Регион   Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Валандово, Богданци   види тука 
Регион   Струмица, Кочани, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Штип, Радовиш   види тука
Резултати збирни по класови:
I-клас           види тука 
II-клас          види тука 
III-клас         види тука 
IV-клас         види тука 
Посебно радува силниот напредок на учениците од средното обрзование од стручните школи. 
Со почит Алекса Малчески

26/02/2017

Страни: ‹ First <5758596061> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.