БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2016
ПОЧИТУВАНИ
Во Тирана, Република Албанија во периодот од 05.05.2016 до 10.05.2016 ќе се одржи 33-тата Балканска Математичка Олимпијада. Република Македонија со комплетен тим на стандарден нашин ќе учествува. Изборот на екипата ќе се изврши по одржувањето на Македонската математичка олимипијада. При составувањето на екипата во предвид ќе се земат постигањата на натпреварувачите на овогодишниот циклус на натпревари во средното образование во Република Македонија, како и постигањата на учениците на сите меѓународни натпревари во организација на СММ од оваа учебна година.
Со почит Алекса Малчески
Претседател на СММ
20/02/2016
ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА (JBMO 2016)
ПОЧИТУВАНИ
Ве информираме дека оваа година, под редовни околности Јуниорската Балканска Математичка Олимипијада (Junior Balkan Mathematical Olympiad 2016), ќе се одржи во Република Романија во втората поливина на месец ЈУНИ(точниот датум ќе биде соопштен дополнително). Им благодариме на колегите од Романија за гостопримството.
Изборот на екипата за JBMO 2016 ќе се се изврши по завршувањето на ЈММО 2016, а во предвид ќе се земаат постигањата на учениците на овогодишните натпревари во организација на СММ, како и учеството и постигањата на учениците на МЕЃУНАРОДНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО МАТЕМАТИКА(при рангирањето во предвид ќе бидат земени сите меѓународни натпревари) во организација на СММ во оваа учебна година.
Со почит Алекса Малчески
Претседател на СММ
19/02/2016
МЕЃУНАРОДЕН МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР SEEMOUS 2016
ПОЧИТУВАНИ
Македонска екипа, за првпат во надвор од границите на Република Македонија, ќе учествува на 10-от меѓународен натпревар SEEMOUS 2016, математичка олимпијада за студентите од Југоситочна Европа. По изборот на екипата, кој се изврши по јавен повик од страна на Сојузот на математичари на Македонија на 13.02.2015 година како и повикот до универзитетите во Република Македонија, од пријавените тројца кандидати на натпреварот ќе учествуваат двајца кандидати-студенти:
1. Елена Наумовска, Машински факултет Скопје, Универзитет св.Кирил и Методиј
2. Тамара Симјаноска, Природно математички факултет, Универзитет св.Кирил и Методиј
Лидер на екипата е доц.д-р Сања Атанасова, Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет св.Кирил и Методиј-Скопје.
Да и посакаме успех на нашата екипа, која во исто време според правилата на меѓународната асоцијација MASSEE, е и национален тим.
Со почит Алекса Малчески
Претседател на СММ
19/02/2016
НУМЕРУС-математичко списание за учениците од основното образование/Меѓународен математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ 2016
ПОЧИТУВАНИ
Сојузот на математичари на Македонија доби СОГЛАСНОСТ од МОН за употреба на математичкото списание НУМЕРУС како дополнителна литература во основното образование, со решение бр. 1/12-2031/2015 од 29.01.2016 година.
Со почит Алекса Малчески
МЕЃУНАРОДЕН МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ 2016
Меѓународниот математички натпревар Кенгур без граници 2016 година ќе се одржи на 17.03.2016 година со почеток во 11 часот. Ве покануваме на учество на овој натпревар кој е единствен во светот по својата структура и квалитет. Темите од кои се бирани задачите се како и во претходните години, и се стандардните натпреварувачки теми: Теорија на броеви, Алгебра, Геометрија, Комбинаторика и се разбира ЛОГИКА. Секоја од задачите е од логички карактер, поврзана со практични проблеми, што овој натпревар го прави уникатен и ценет. СЕКАКО ДЕКА ТОА СЕ ДОЛЖИ НА ШИРОКИОТ СПЕКТАР НА ОБЛАСТИ КОИ СЕ ОПФАТЕНИ СО ИЗБОРОТ НА ЗАДАЧИ, НАПРАВЕН ОД ИСКУСНИ НАУЧНИ РАБОТНИЦИ НИЗ СВЕТОТ ОД НАЈПРЕСТИЖНИТЕ ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ ЦЕНТРИ кои се занимаваат со образование, како и од истакнати математичари-поединци кои се занимаваат со оваа област. Искуството покажува дека учениците-натпреварувачи кои континуирано учествувале на овој натпревар градат успешни кариери насекаде во светот.
Во прилог е писмото покана за учество на овој натпревар.
писмо покана види тука
Со почит Алекса Малчески
20/02/2016