ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2014/2015 ГОДИНА
ПОЧИТУВАНИ
Според календарот на натпревари, Државниот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи на 14.03.2015 година. Местото на одржување на натпреварот дополнително ќе биде определен и јавно соопштен. ПИСМО ПОКАНА ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР види тука.
23/02/2015
ПОТВРДИ МЕНТОРСТВО РЕГИОНАЛЕН СРЕДНО 2015
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
Изработени се потврди за менторство за РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ НА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2015 година. Истите се поставени тука. Ве замолуваме секој индивидално да ја провери својата потврда, и доколку има некои недостатоци истите да ги пријави на вообичаените адреси.
Со почит
Алекса Малчески
22/02/2015
РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2014/2015 ГОДИНА
ПОЧИТУВАНИ
ВО делот Натпревари-средно-2014/2015 година-резултати се објавени резултатите од Регионалниот натпревар за учениците од средното образование во учебната 2014/2015 година. Државниот натпревар ќе се одржи во закажаниот термин 14.03.2015 година. Учесниците и местото на одржување дополнително ќе биде закажано.
Со почит Алекса Малчески
19/02/2015
НАГРАДИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР ЗА 2013/2014 ГОДИНА_Основно_Образование
ПОЧИТУВАНИ
Од утре, 16.02.2015 година ќе отпочне дистрибуцијата на наградите од меѓународниот наптревар КЕНГУР 2013/2014 година за основно образование. За начинот на распределба на наградите види тука. Дистрибуцијата за училиштата кои не се од скопскиот регион ќе биде по Македонска пошта. За регионот Скопје истите треба да се подигнат во просториите на СММ.
Во исто време се дистрибуираат и потврдите на наставниците за учество на ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР за основно образование во учебнта 2013/2014 година и тоа за
-Менторство,
-Комисија за прегледување и оцена
-Комисија за одлучување по приговори
-Комисија за тестирање.
како и потврди за учество на РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР за основно образование и тоа за
-Комисија за прегледување и оцена
-Комисија за одлучување по приговори
-Комисија за тестирање.
според расположивите податоци кои беа доставени до СММ. Истите можете да ги видите во електронска форма на оваа страна во делот натпревари за основно образование.
15/02/2015