ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
НА 02.03.2016 година во 69 општини на Република Македонија Во остантите општини не се одржува натпреварот. Но сепак СММ и за нив изработи соодветни работни материјали, како и за останатите општини. Се замолуваат колегите од училиштата во општините
АРАЧИНОВО, САРАЈ, КОНЧЕ, ЧАИР, ДЕБАР, ЦЕНТАР ЖУПА, ТЕАРЦЕ,
ВЕВЧАНИ и ПЛАСНИЦА,
доколку се определат сепак да одржат натпревар да постапат на следниот начин:
1. ДА изберат училиште домаќин во соодветната општина
2. Училиштето домаќин да определи одговорен наставник
3. Да го известат СММ за сторените работи од 1 и 2, електронски со e-mail порака
4. Одговорниот наставник да го подигне соодветниот материјал за одржување на натпреварот од страна на СММ во ПЕТОК, 01.03.2019 година, во периодот од 14 часот до 17 часот и да го одржат натпреварот.
Со почит
Алекса Малчески
28/02/2019
ЕДИНСТВЕНИ РАНГ ЛИСТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР 2019/// УЧЕСНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019
ПОЧИТУВАНИ
Ученици, ментори, колеги, македонска јавност.
Во прилог се единствените списоци со пласман по одделенија од одржаниот Регионален натпревар за учениците од средното образование.
прва година види тука
втора година види тука
трета година види тука
четврта година види тука
Од овие списоци ќе се определат учесниците на државниот натпревар кој ќе се одржи на 16.03.2019 година со почеток во 10:00 часот. За секоја неправилност во резултатите ве замолуваме да се јавите на меилот
sojuz.na.matematicari@gmail.com
___________________________________________________________________________
УЧЕСНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР за учениците од СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019
Избрани кандидати за учество на државниот натпревар за учениците од средното образование 2019 се сите наградени ученици од Регионалниот натпревар за учениците од средното образование. Во продолжение ги наведуваме списците на учесници на овој натпревар:
прва година види тука
втора година види тука
трета година види тука
четврта година види тука
со почит
Алекса Малчески
27/02/2019
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019
ПОЧИТУВАНИ
Ученици, нивни ментори, училишта домаќини на овој натпревар, Сектори за образование при општините на Република Македонија, почитувани граќани на нашата земја. На прагот е 6-тиот Општински натпревар за учениците од основното образование. Настан на кој некој прв пат ќе се сретнат со задачи од натпреварувачки карактер, малку различен од оној на кој навикнале во текот на редовното образование. Како и да е, ние сме на прагот на еден нов циклус на натпревари со кој ја обезбедуваме иднината на нашата земја, на нашиот народ. Секако дека треба да издржеме на овој пат како и сите претходни години, и на нашите деца да им обезбедиме вистински пат на професионалност, секако на оние кои ќе се определат математиката да им биде преокупација во нивниот живот. Генерално СММ има доверба во сите избрани домаќини и наставници кои се одговорни за овој натпревар.
финално писмо покана за натпревар види тука
(истото писмо во текот на денот понеделник ќе бид испратено официјално до сите училишта во Република Македонија; ПИСМОТО МОЖЕ ДО ВТОРНИК ДА ИМА ТРАНСФОРМАЦИИ ЗАРАДИ ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ОПШТИНИ ЗА НАТПРЕВАР)
_________________________________________________________________________
Специјална вест
Се известуваат граѓаните на општините ОХРИД и ДЕБРЦА да бидат трпеливи и внимателни. Овој натпревар во тие две општини доби специјален карактер и мора да се постапува на начин кој е соодветен за такви прилики. Се замолуваат граѓаните од овие две општини да постапат на следниот начин:
1. Да испратат меил на адреса sojuz.na.matematicari@gmail.com во кој ќе го најават своето учество
2. Да ги припремат ученичките книшки на своите деца кои ќе ги пријават за натпревар, бидејќи истите ќе мора да ги покажат при регистрацијата за учество на натпреварот, и
3.Внимателно да го следат овој сајт за да во петок во вечерните часови видат каде ќе се одржи натпреварот во овие општини.
СММ мора да интервенира на начин кој е соодветен за ваквите настани. Одма да напоменеме дека Општинските и Регионалните натпревари СММ ги организира БЕСПЛАТНО за децата. Сите трошоци ги подмирува СММ. СММ од ниту едно училиште ниту од општините има побарано финансиски средства за да овие натпревари се организираат.
Со почит
Алекса Малчески
28/02/2019
НУМЕРУС 44/2
ПОЧИТУВАНИ
Од печат излезе ВТОРИОТ број на научно популарното списание НУМЕРУС. Впрочем излезе вториот број на нумерус број 44/2. Истиот можете непречено да го набавите на истиот начин како и претходно. Телефонски број за нарачка е 075321093.
Со почит
Алекса Малчески
18/02/2019