АЗИСКО ПАЦИФИЧКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018
ПОЧИТУВАНИ
Конечно ја имаме листата на сите носители на медаљи за оваа година. Непосредно пристигнаа и резултатите од АЗИСКО ПАЦИФИЧКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018 година. Од резултатите секако не смееме да бидеме незадоволни, посебно ако се има предвид дека тоа е 2 или трета по јачина олимпијада која се спроведува во светот. Две бронзени медаљи и дури седум пофалби. Честито ОЛИМПИЈЦИ. Носители на медаљи се
1. Илиева Надежда
2.Лука Грашкоски
Носители на пофалници се
3. Митровска Тамара
4. Тасевски Милан
5.Динев Мартин
6.Даневски Никола
7.Танева Мартина
8.Тортевска Анастасија
9.Никовска Теона
Во прилог е спосокот кој го добивме од централата во Мексико.
резултати АПМО 2018 види тука
Дипломите и пофалниците (девет на број) мора да се подигнат во среда 27.06.2018 година во просториите на Машинскиот факултет-Скопје.
ЧЕСТИТО ОЛИМПИЈЦИ-ЧЕСТИТО МАКЕДОНИЈО
Со почит
Алекса Малчески
25/06/2018
МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018-ФИНАЛНИ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧИТУВАНИ
Медаљи, медаљи, медаљи.....Седум медаљи на МЕДИТЕРАНСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018. На сите освојувачи на медаљи, на сите учесници на ова натпреварување им го честитаме успехот. Освојувачи на медаљи се
MACEDONIA-МАКЕДОНИЈА
1. Никола Даневски златен медал
2.Тамра Митровска сребрен медал
3.Надежда Илиева сребрен медал
4.Лука Грашкоски бронзен медал
5.Христина Митреска бронзен медал
6.Алек Јармов бронзен медал
7.Михаела Хаџиска бронзен медал
Во прилог ја поставуваме листата во која е сменет само фонтот на буквите.
листа од МеМО 2018 види тука
На сите им го честитаме успехот, а за наредната година посакуваме уште подобри резултати.
Претседаел на СММ
Алекса Малчески
23/06/2018
22-ра ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018
ПЕТ МЕДАЉИ-ПЕТ МЕДАЉИ-ПЕТ МЕДАЉИ
СММ како и претходните години, така и оваа година учествуваше на 22-рата Јуниорска БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА. Од шест учесници дури ПЕТ се освојувачи на БРОНЗЕНИ медаљи. ЧЕСТИТО-ЧЕСТИТО-ЧЕСТИТО.... СЛАВИ МАКЕДОНИЈО.... СММ како на освојувачите на медаљи, така и на сите олимпијци и сите ученици им го честита успехот и на сите им посакува успех и среќа на претстојните ОЛИМПИЈАДИ... Учеството на олимпијада се смета за чест на една земја, а посебно ако се освои медаља... Освоената медаља останува во вечноста на натпреварот, освојувачот и земјата од која тој доаѓа...
Учте еднаш ЧЕСТИТО МАКЕДОНИЈО...
Со почит
Алекса Малчески
22/06/2018
35_та БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2018
ДВЕ МЕДАЉИ-ДВЕ МЕДАЉИ_ДВЕ МЕДАЉИ
Во периодот од 07.05.2018 до 12.05.2018 година во Белград, Република Србија се одржа 35-тата БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА. Република Македонија на ова натпреварување учествуваше со своја екипа и освои две БРОНЗАНИ МЕДАЉИ и тоа Надежда Илиева и Никола Даневски. СММ на освојувачите на медаљите и на сите останати натпреварувачи им го честита успехот и на сите им посакува во наредниот период, и покрај пресилната конкуренција, на бројните олимпијади да освојат што повеќе медаљи. Секоја медаља останува во вечноста на натпреварот, освојувачот и земјата од која доаѓа.
Уште еднаш ЧЕСТИТО ОЛИМПИЈЦИ.
Со почит
Алекса Малчески
22/06/2018