BMO 2019-Балканска Математичка Олимпијада 2019
ПОЧИТУВАНИ
Со огромно задоволство, на почеток да им честитаме на нашиот тим за БМО 2019. Нашата репрезентација на оваа БМО 2019 постигна значаен успех, на кој ние од крајно редуцираниот тим на активисти од СММ им се заблагодаруваме. Нашата репрезентација, предовдена од лидерот д-р Даниел Велинов и депути лидерот д-р Самоил Малчески, на оваа балканијада оствари значаен успех, пред се како тим со освоени 77 поени, и секако со освоени две силни бронзени медаљи, и тоа
1. Лука Грашковски (23 поени)
2. Кендреса Селими(19 поени)
На сите наши учесници им го честитаме успехот и успешната презентација на нашата земја.
Со почит
Алекса Малчески
_________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ
Сојузот на математичари на Македонија ве известува дека 7 (седмиот) Конгрес на математичарите на Македонија е во завршна фаза на подготовки. Истиот ќе се одржи во месец септември 2020 година во градот ОХРИД.
Во текот на наредните денови ќе ве известиме за тимот кој ќе ја предводи оваа значајна манифестација за нашата земја.
со почит
Алекса Малчески
__________________________________________________________________________
ОД СВЕТОТ НА МАТЕМАТИКАТА
Ве известуваме дека вториот дел на престижниот математички натпревар КЕНГУР 2019 ќе се одржи на 01.06.2019 година во Скопје. На истиот имаат право на учество сите натпреварувачи кои биле на КЕНГУР 2019 година. Своето учество мора да го најават на меилот
kangaroo.macedonia@gmail.com
Секако доволно време за да секој кој сака да учествува да може соодветно да се припреми.
со почит
Алекса Малчески
03/05/2019
НУМЕРУС 44-4
ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ
Од печат излезе последниот број на научно-популарното списание НУМЕРУС 44-4. Повелете и остварете ги вашите нарачки кои ги имате од СММ.
Со почит
Алекса Малчески
30/04/2019
ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ, НАТПРЕВАРУВАЧИ, РОДИТЕЛИ
Ве известувам за конечен термин за одржување на Дражвниот натпревар за учениците од основното образование. Според ставот на КОМИСИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ донесена едногласно, Државниот натпревар за учениците од основното образование ќе се одржи на 12.05.2019 година(недела) со почеток во 09:30 часот. Место на одржување се факултетите: МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ и ФАКУЛТЕТОТ за ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. На истиот право на учество имаат сите ученици кои се објавени на списоците од претходната вест на овој сајт. Право на учество имаат и учесниците на минатогодишната Јуниорска македонска математичка олимпијада како и учесниците на меѓународните олимпијади, а кои освоиле некакво одличје(медаља).
писмо покана за учесто види тука
писмо покана со списоци види тука
Со почит
Алекса Малчески
27/04/2019
УЧЕСНИЦИ НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 2019
ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ
Согласно одлуката на комисијата за задачи за натпревари во основно образование на Државниот натпревар учествуваат следните ученици:
VI одделение види тука
VII одделение види тука
VIII одделение види тука
IX одделение види тука
Времето и местото на одржување на натпреварот дололнително ќе ви ги соопштиме.
Со почит
Алекса Малчески
_________________________________________________________________________
ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ//ПРОМЕНА НА ВЕСТА
Ве известуваме дека тестирањето БМО 2019 година ќе се одржи во исто време кога и што се одржува и во Кишињев-Молдавија. Натпреварот почнува во 08:00 часот на 02.05.2019 година. Се повикуваат сите ученици кои беа на ММО 2019 да приствуваат на овој натпревар и да се наптреваруваат. Резултатите од натпреварот се бодуваат во општиот список за учество на ИМО 2019 година.
Вашата најава направете ја на меилот
kangaroo.macedonia@gmail.com
Со почит
Алекса малчески
24/04/2019