МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2019///Промена на веста
ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА
Денеска на универзитетот ФОН се одржа 26-тата МАКЕОДНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2019 година. ВО екстремно жестока кокуренција се постигнаа следните резултати
резултати ММО 2019 види тука
Комисијата за натпревари на сите им го честита успехот, а посебно дисциплината во која се одржа вој натпревар.
Во исто време го објавуваме и списокот од постигањата на учесниците на олимпијади за оваа учебна година до ММО 2019 година.
список види тука
Македонската екипа за БМО 2019 година ја сочинуваат следните ученици
1. Михаела Хаџиска
2. Кендреса Селими
3. Анастасија Тортеска
4. Христина Митреска
5.Лука Грашкоски
6. Алек Јармов
На нашата екипа и посакуваме успех на овој натпревар.
Со почит
Алекса Малчески
17/04/2019
EGMO 2019
ПОЧИТУВАНИ натпреварувачи
Со големо задоволство ве известуваме дека македонската женска репрезентација на еминентното натпреварување ЕГМО 2019 го постигна во екипна конкуренција го постигна досега најголемиот успех на ова натпреварување. Нашата екипа ОСВОИ 55 бодови, во најжестоката конкуренција досега на овој натпревар. На истиот учествуваа 50 репрезентации од кои 36 беа европски. Нека им е ЧЕСТИТО на нашите девојки. Во поединечна конкуренција освоивме една медаља и тоа натпреварувачката
МИХЕЛА ХАЏИСКА.
Успехот ќе беше уште поглем доколку беше решен најголемиот проблем на секој натпревар, а се разбира тоа е ОЦЕНУВАЊЕТО, т.е. во овој случај координацијата, односно работата на координаторите. Сепак, една медаља и три пофалници е голем успех за нашата мала земја, МАКЕДОНИЈА. Се разбира задоволството е уште поглемо ако се има предвид дека на оваа олимпијада нашата земја има е еден член на бордот на ЕГМО. Во жестока конкуренција нашиот лидер
СЛАЃАНА БРСАКОСКА
беше избрана за постојанен член на бордот на ЕГМО, кој впрочем брои три члена. Нека и е честито на нашата колешка за успехот кој го постигна.
Со почит Алекса Малчески
12/04/2019
регионален натпревар за учениците од основното образование 2019
ПОЧИТУВАНИ НАТПРЕВАРУВАЧИ
од град ОХРИД на Регионалниот натпревар за учениците од основното образование
Ве
известувам дека Региоалниот натпревар за учениците од основото
образование за регионот ОХРИД што ќе се одржи на 13.04.2019 година во
ФАКУЛТЕТОТ за УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ
Се
замолуваат сите учесници на овој натпревар да бидат присутни на
наведената локација во 08:30 заради неопходни дејства кои треба да се
спроведат за одржување на овој настан. Одговорно лице е Професор АНЕТА
ВЕЛКОВСКА, која е и делегат за овој настан.
Со почит Алекса Малчески
11/04/2019
РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019-писма покани//НАТПРЕВАР НА 13.04.2019 година од 09:00 часот
Регионален натпревар за учениците од основното образование, кој ќе се одржи на 13.04.2019 година со почеток во 09:00 часот.-ПИСМА ПОКАНИ
продолжение на претходната вест
12. Регион Кисела
Вода, Зелениково, Студеничани
види тука
13. Регион Штип, Карбинци, Пробиштип
види тука
14. Регион Струга, Вевчани
види тука
15. Регион Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Радовиш,
Конче види тука
16. Регион Велес, Лозово, Чашка, Градско, Св. Николе
види тука
17. Регион Тетово, Јегуновце, Теарце, Брвеница
види тука
18. Регион Гази Баба, Илинден, Петровец
види тука
19. Регион Бутел, Чаир, Чучер Сандево, Шуто Оризари
види тука
20. Регион Дебар, Маврово-Ростуше, Центар Жупа
види тука
21. Регион Аеродром
види тука
22. Регион Кичево
види тука
23. Регион Охрид, Лескоец, Дебрца види тука
Натпреварувачите од општините Охрид и Дебрца кои обезбедија учество на регионалниот натпревар за учениците од основното образование дополнително преку сајт ќе бидат известени за нивното учество. СММ се извинува за ваквиот потег на кој сме принудени.
Регионите кои немаат училиште домаќин, откога ќе го утврдат својот домаќин, соодветно на сајт ќе бидат објавени.
Со почит
Алекса Малчески
_________________________________________________________________________
НУМЕРУС 44_3
Почитувани претплатници
Од печат излезе списнието НУМЕРУС, број 44-3. Ве повикуваме да се погрижите истото да пристигне до вас на вообичаените начини.
Со почит
АЛЕКСА мАЛЧЕСКИ
03/04/2019