ВАЖНО СООПШТЕНИЕ
МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМИПИЈАДА 2016
Медитеранската математичка олимипијада 2016 година ќе се одржи на 06.05.2016 година со почеток во 14 часот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во прилог е списокот на пријавени ученици на кои им се потврдува учеството. Доколку некој ученик се пријавил а го нема на списокот ве замолуваме да испрати порака на natprevari.smm@gmail.com.
Рокот за пријавување на учениците го продолжуваме до 04.05.2016 година. Дополнителниот список ќе биде објавен на оваа страна.
СПИСОК на принавени кандидати за медитеранска математичка олимпијада види тука
___________________________________________________________________________
ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2016
Јуниорската Балканска Математичка олимпијада 2016 за учениците кои до 30 јуни немаат повеќе од 15,5 години оваа година ќе се одржи во СЛАТИНА, Република Романија во периодот од 25.06.-29.06.2016 година.
Изборот на екипата за учество на ЈБМО 2016 година ќе биде направен по одржување на ЈММО 2016 година. Изборот ќе се прави од единствена ранг листа од учениците потенцијани кандидати врз база на постигањата на: Државните натпревари во основно и средно образование одржани оваа година, Македонските олимпијади одржани оваа година(ММО 2016 и ЈММО 2016), Европскиот математички куп 2015 (одржан оваа година) и Медитеранската математичка олимпијада 2016.
СММ го задржува правото на одржување на дополнителни изборни тестирања за избор на екипа, доколку е тоа потребно.
___________________________________________________________________________
IMO 2016
Интенационалната математичка олимпијада IMO 2016, оваа година ќе се одржи во Хонg Конг, 06.06.-16.06.2016 година. Изборот на македонската репрезентација за IMO 2016, ќе биде извршен по завршување на циклусот натпревари во средното образование, односно по одржување на Балканската математичка олимпијада 2016 и Медитеранската математичка олимпијада 2016, од единствена ранг листа на сите натпреварувачи. При изготвување на ранг листата на кандидати за екипа за ИМО во предвид ќе се земат резултатите од: Државниот натпревар за учениците од средното образование, ММО 2016, EMC 2015, EGMO 2016, Медитеранска математичка олимипијада 2016 и BMO 2016. СММ го задржува правото на организација и одржување на изборни натпревари доколку за тоа има потреба.
Со почит Алекса Малчески
претседател на СММ
02/05/2016
МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2016
ПОЧИТУВАНИ
Медитеранската математичка олимпијада 2016 година ќе се одржи на 06.05.2016 година во просториите на
ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
со почеток во 14 часот. Сојузот на математичари на Македонија на натпреварот ги поканува сите учесници на Европскиот математички куп 2015 и сите учесници на Македонската математичка олимпијада 2016 (список види тука). Секој кандидат од списокот мора да го потврди своето учество. За учениците од списокот кои се со црвена боја СММ нема електронска адреса за да се испрати официјално писмо покана и истите да се вклучат во системот на подготовки за олимпијади за оваа година.За натпреварот може да се пријават и ученици кои учествувале на Државниот натпревар за учениците од средното образование а не се на претходниот список. Истото можат да го направат најдоцна до 30.04.2016 година на адресата: natprevari.smm@gmail.com.Нивното учество мора да биде потврдено со официјално писмо покана од страна на СММ.
Со почит
Алекса Малчески
22/04/2016
23-ТА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА
ПОЧИТУВАНИ
На 09.04.2015 година се одржа 23-тата Македонска математичка олимпијада. На истата се постигнаа следните резултати: види тука
На истата се избра екипата за учество на 33-тата БМО 2016 која ќе се одржи во Тирана, Република Албанија(види го објавениот список со резултати). На нашите ученици СММ им посакува успех.
Со почит Алекса Малчеки
ПОЧИТУВАНИ
На 06.05.2016 година за прв пат во Република Македонија ќе се одржи Медитеранската математичка олимпијада. Поканите за учество на учениците дополнително ќе бидат испратени до соодветните училишта.
Со почит
Алекса Малчески
16/04/2016
Нумерус_41_4
ПОЧИТУВАНИ
Од печат излезе четвртиот и последен број на математичкото списание за основно образование Нумерус 41-4 за оваа учебна година. Истото во наредната недела ќе биде дистрибуирано до сите нарачатели на истото.
Повеќе види тука
Со почит Алекса Малчески
09/04/2016