Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2016

ПОЧИТУВАНИ
Во тек е 23-тата Македонска математичка олимпијада за учениците од средното образование(ММО 2016). Истата се одржува во пријатна атмосвера на домаќинот на натпреварот  
    ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
-Универзитет Свети Кирил и Методи. Во прикладното обраќање на Деканот на Факултетот проф.д-р Миле Станковски, соопшти дека факултетот кој го раководи одлучил да додели по 5 степендии за најдобро пласираните ученици од четврта година за следните две академски години кои ќе се запишат на ФЕИТ. Покрај другото факултетот ФЕИТ се придружува со сопствениот математичкиот кадар во припрема на најдобрите ученици од ММО кои ќе учествуваат во наредните меѓународни натпревари од оваа година. СММ се надева дека оваа соработка ќе стане традиционална. 
На сите ученици им посакуваме успех на овој и наредните натпревари. 
Со почит
Алекса Малчески

09/04/2016

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2016

ПОЧИТУВАНИ
Државниот натпревар за учениците од основното образование 2016 ќе се одржи на 07.05.2016 година во просториите на 
  ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
при Универзитетот св. Кирил и Методи-Скопје. Почетокот на натпреварот е во 09:30 часот. Повеќе детаљи за натпреварот види тука
Со почит Алекса Малчески 

06/05/2016

МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2016

ПОЧИТУВАНИ
На 09.04.2016 година со почеток во 10:00 часот ќе се одржи 23-тата по ред
          Македонска математичка олимпијада.

Истата ќе се одржи во просториите на 
          ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
Универзитет Св.Кирил и Методи-Скопје. Во прилог е писмото покана(види тука). Истата ќе се спроведе во просториите 110 и 223 (распоред види тука 110, тука 223). 
Се замолуваат сите учесници на време да бидат присатни на факултетот(09:30 часот) и да ги следат инструкциите за да натпреварот отпочне на време. 
Со почит Алекса Малчески

07/04/2016

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2016

ПОЧИТУВАНИ
Државниот натпревар за учениците основното образование 2016 ќе се одржи на 07.05.2016 година. Местото на одржување на натпреварот дополнително ќе биде соопштено. Според член 10 од правилникот за организирање и спроведување на натпревари во основоното образование на натпреварот ќе учествуваат учениците: 
учесници на Државниот натпревар за учениците од основното образование: види тука.
Натпреварот ќе се спроведе на четири наставни јазици. Сојузот на математичари на Македонија го задржува правото на промена на списокот на натпреварувачи, согласно правилникот за организирање и спроведување на натпревари во основото образование, доколку се направени технички пропусти од било кој облик. 
Претседател на СММ
Алекса Малчески

07/04/2016

Страни: ‹ First <6263646566> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.