Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР КЕНГУР 2016_ПРЕЛИМИНАРНИ ПРЕЗУЛТАТИ СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПОЧИТУВАНИ
Во прилог се резултатите од одржаниот Меѓународен натпревар КЕНГУР 2016 за учениците од средното образование. Резултатите се ПРЕЛИМИНАРНИ. ВО наредните седум дена на адреса kangaroo.macedonia@gmail.com можете да ги испратите вашите приговори на објавените резултати. Потоа ќе се објават конечните резултати. 
РЕЗУЛТАТИ СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
прва година           види тука
втора година         види тука
трета година          види тука
четврта година      види тука

03/04/2016

НУМЕРУС_41_3_2015_2016

ПОЧИТУВАНИ
Од печат излезе третиот број на математичкото списание за учениците од основното образование во учебната 2015/2016 година. Секако дека неговите содржини, како и сите претходни броеви на списанието, значително ќе придонесе за развој на учениците и нивни подобри постигања како во математиката така и во другите сродни дисциплини. 
повеќе види тука
Со почит Алекса Малчески


                  УЧЕНИЧКИ ИНСТИТУТ ПО МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА
      Во рамки на соработката помеѓу Македонската академија на науки и уметности и Бугарската академија на науки и уметности, заедно со Здружението на информатичари на Македонија,Сојузот на Математичари на Македонија и Сојузот на математичари и информатичари на Бугарија се организира заеднички 

             УЧЕНИЧКИ ИНСТИТУТ ПО МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА 
    Целта на Институтот е да организира воведување на младите талентирани ученици за математика и информатика (на возраст до четврта година од средните училишта)  во научно-истражувачка работа. Учениците подготвуваат труд на одредена тема од математика/информатика предложена од Институтот, од ментор или самостојно избрана тема. Подготовката е темата е индивидуална или во коавторство со најмногу уште еден автор, самостојно или под раководство на ментор од училиштето. Трудовите ќе бидат рецензирани и најдобрите автори ќе бидат поканети да ги презентираат трудовите на Ученичка конференција по математика и информатика. 
   Трудовите од математика треба да се пратат до Јасмина Марковска, jmarkoska@gmail.com  28.03.2016. 
    Трудовите од информатика треба да се најават кај Марија Михова, marija.mihova@finki.ukim.mk  до 21.03.2016, а да се подготват и пратат до 4.04.2016. 
    Терминот за одржување на конференцијата ќе биде определен по добивањето на проектите. Прелиминарен термин е 23/24.04.2016.
     Побарувањата за изработка на проектот се дадени подолу. 
     Побарувања за изработка на проектот 
     Текстот на проектот треба да е напишан на   компјутерски едитор на текст (MS Word, LaTeX) на македонски јазик, со обем не помалку од 10 страници и не повеќе од 50 страници, оформен на следниов начин: заглавна страница, резиме на македонски јазик до 100 збора; резиме на англиски јазик до 100 збора. Во резимето треба да биде напишано од која област е проектот и какви се оригиналните придонеси на авторите. Трудот се разделува на глави/секции и започнува со вовед, во кој се формулираат целите и задачите на проектот и се прави кратка анотација на содржината на останатите глави. Проектот завршува со заклучок, во кој се опишува како се постигнати целите, при што се одбележува и придонесот на авторите. На крај се дава список на искористена литература. Во проектите по информатика и информациски технологии со апликативен карактер трудот треба да содржи: опис на областа; опис на апликативниот систем (кој не зависи од реализацијата); избор на технички и програмски средства и опис на реализацијата. Во прилог можат да бидат вклучени, програмски код и пример излези. Проектите по информатика и информациски технологии треба да бидат придружени со кодот кој е искористен, неопходен за подробното запознавање на рецензентите со разработката. 
     Оценување 
     Основни показатели при оценувањето се јасност и последователност на изложеното, оригиналност, коректност на резултатите, отсуство на технички и правописни грешки, прегледност на цртежи и графикони, целосното оформување. 
     Презентација 
     Времето за презентација е 20-30 мин., кои вклучуваат и 5 минути за прашања, одговори и дискусија. Презентацијата треба да биде кратка и јасна, да дава точна претстава за суштината на проектот и најмногу за придонесот на авторот/те во темата.

23/03/2016

EGMO 2016

ПОЧИТУВАНИ
Според резултатите од овогодишните натпревари по математика за учениците од средното образование (Државен натпревар за учениците од средното образование 2016 и EMC 2015), СММ за EGMO 2016 избра екипа која ќе на претставува на овој натпревар во состав:
   1.Сања Симоновиќ
   2.Теа Стоилковска
   3.Надежда Илиева
   4.Тамара Митровска
Натпреварот ќе се одржи во периодот 10.04.2016 -16.04.2016 година во Буштрени-Република Романија. На нашите натпреварувачки да им посакаме успех и добри резултати. 
Со почит 
Алекса Малчески

23/03/2016

МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2016

ПОЧИТУВАНИ
Според календарот за одржување на натпревари во средното образование на 09.04.2016 година ќе се одржи Македонската математичка олимпијада 2016 за учениците од средното обрааование. Олимпијадата ќе се одржи во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). На натпреварот ќе учествуваат учениците кои се пласира за учество на овој натпревар според резултатите од одржаниот 59-ти државен натпревар и учениците кои имаат право на учество според Правилникот за организирање и одржување на натпревари во средното образование. 
Список на учесници види
Учениците кои не се на овој список а имаат право на учество, треба да се најават најдоцна до 02.04.2016 година на адреса natprevari.smm@gmail.com
Со почит 
Алекса Малчески

21/03/2016

Страни: ‹ First <6465666768> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.