Европски математички куп_ЕМС2015
ПОЧИТУВАНИ
На 11.12.2015 година со почеток во 12 часот ќе се одржи 4-от Европски математички куп. Поканата за учество на 4-от ЕМС 2015 повеќе види: тука
Натпреварот се одржува според правилата за одржување на ЕМС, како и дополнителните правила за учество кои важат на територијата на Република Македонија.
Правила за учество на 4-от ЕМС2015 повеќе види: тука
ВНИМАТЕЛНО ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ПОСТАВЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ОВАА ВЕСТ.
ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ МОЖЕ ДА ОТПОЧНЕ.
Претседател на СММ
Алекса Малчески
03/11/2015
Workshop-VI_ти конгрес на математичарите на Македонија
ПОЧИТУВАНИ
Во работата на 6-тиот конгрес на математичарите на Македонија ќе биде организиран Workshop со работен наслов:
International
Workshop on Generalized Functions and Pseudo-differential Operators
Коорганизатори на работилницата се
Академик проф.д-р Стеван Пилиповиќ, Универзитет во Нови Сад, Република Србија
Доц. д-р Бојан Прангоски, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Република Македонија
Проф.д-р Jasson Windas, Ghent University, Република Белгија
Работилницата ќе биде организирана во 3 дена од работата на Конгресот. На организаторите им посакуваме пријатна работа на Конгресот.
Наскоро повеќе детаљи ќе следуваат на страната на Конгресот.
Со почит Алекса Малчески
28/10/2015
SEEMOUS 2016
ПОЧИТУВАНИ
Во периодот од 01.03.-06.03.2016 во Република Кипар ќе се одржи десеттата студентска меѓународна олимпијада SEEMOUS 2016.
Со почит
Алекса Малчески
26/10/2015
ОЛИМПИЈАДИ
ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП
Оваа година, како и претходната година во Република Македонија ќе се одржи 4-от ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП. Натпреварот ќе се одржи на 11.12.2015 во просториите на Машинскиот факултет. За учество на натпреварот и дополнителните правила дополнително ќе бидете известени на оваа страна и со соодветна покана до школите. Натпреварот ќе се одржи во две категории: ЈУНИОРИ и СЕНИОРИ.
МЕДИТРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА
Оваа година, за првпат во Република Македонија ќе се одржи МЕДИТЕРАНСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА. Натпреварот ќе се одржи во почетокот на месец мај 2016 година. За точниот датум,време на одржување на натпреварот, правилата за одржување на натпреварот и условите за учество на натпреварот дополнително ќе бидете известени на оваа страна и со соодветна покана до училиштата.
ЕВРОПСКА ЖЕНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИПИЈАДА (EGMO 2016)
Оваа година Македонија по втор пат ќе учествува на 5-тата Европска женска математичка олимпијада (EGMO 2016). Натпреварот ќе се одржи во Република Романија, во периодот од 10.04-16.04.2016 година. Изборот на екипата за учество на овој натпревар ќе се изврши во текот на месец март, како и секогаш врз база на постигањата на ученичките на претходните натпревари. Бројот на учесници е четири ученички.
Со почит
Алекса Малчески
21/10/2015