МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН втор број 2014
Почитувани
Во печат влезе втроиот број од научното списание МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН за 2014 година. Истото е достапно на оваа страна во делот Универзитетски учебници. (види тука)
Наскоро на оваа страна ќе се најде вториот број на Математички Билтен за 2015 година и Зборникот од трудови од Петтиот конгрес на математичарите на Македонија.
СО почит Алекса Малчески
21/09/2015
6-ти КОНГРЕС НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ПОЧИТУВАНИ
Во периодот 15-18.06.2016 година ќе се одржи 6-тиот редовен конгрес на Матматичарите на Македонија кој има меѓународен карактер. Местото на одржување е Охрид, хотел Метропол. На овој конгрес покрај редовните активности ќе се организираат и два семинари на кој учество може да земат сите професори во основното и средното образование во Република Македонија, како и сите љубители на МАТЕМАТИКАТА. Насловите на истите може да се видат во видат во приложеното прво соопштени за истиот (види_тука).
Со почит
Претседател на СММ
Алекса Малчески
05/09/2015
МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН прв број 2014/МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН прв број 2015
ПОЧИТУВАНИ
Во печат влегоа два броја на научното математичко списание МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН и тоа првиот број за 2014 година и прв број за 2015 година. Истите може да се погледнат во делот универзитетски учебници.
03/09/2015
НУМЕРУС 41_1
Почитувани
Во печат влезе првиот број 41_1 на популарното списание за учениците од основното образование НУМЕРУС. Истото можете да го погледнете на оваа страна со избор списанија/нумеус/избор на бројот кој сакате да го погледнете. Покрај тоа, списанијата можете да ги набавите преку оваа страница по електронски пат. Повеќе види тука
02/09/2015