РЕЗИМЕ НА РАБОТАТА НА СММ ЗА УЧЕБНАТА 2014/2015 година
ПОЧИТУВАНИ
Сојузот на математичари на Македонија во изминатата учебна година 2014/2015 ги оствари сите програмски цели зацртани на почетокот на учебната година. Во организација на СММ успешно се одржаа две големи манифестации од меѓународен карактер на ПОТПОЛНО ЈАВЕН И ТРАНСПАРЕНТЕН начин, и тоа: 5-от Конгрес на математичарите на Македонија на кој учество зедоа голем број на научници скоро од сите страни на светот со свои сепарати(научни трудови) и за прв пат во Македонија се одржа 9-тата Интернационална олимпијада за студентите по математика од Југоисточна Европа (SEEMOUS 2015). На истата покрај студенти од балканските земји учество зедоа и студенти надвор од овој регион.
Сојузот на математичари на Македонија оваа година ги реализира сите натпревари кои се од домашен карактер, при што со задоволство можеме да констатитраме дека на сите натпревари поединечно се поставија нови рекорди според бројот на учесници. На истите се постигнаа извонредни резултати, кои може да се видат на web-страниците на СММ. Од целиот систем на натпревари во потполно транспарентна процедура се избраа екипи за учество на меѓународните натпревари.
Изминатата година СММ постави рекорд по бројот на учества на меѓународни натпревари. СММ со репрезентации на Република Македонија учествуваше на пет меѓународни олимпијади и притоа во извонредно остра меѓународна конкуренција освои 17 МЕДАЉИ и 8 ПОФАЛНИЦИ. Ова е згодна прилика на сите освојувачи на одличја да им го честитаме успехот, а на сите да им посакаме успешна наредна учебна година. Агендата за активностите во учебната 2015/2016 година, како и минатата година ќе биде доставена до сите партиципиенти во работата на Сојузот на математичари на Македонија.
Претседател на СММ
Алекса Малчески
02/09/2015
ДОПИС_ЗА_КЕНГУР_ПРЕТСЕДАТЕЛ_НА_АСОЦИЈАЦИЈАТА_KANGOUROU_SANS_FRONTIERES
ПОЧИТУВАНИ
Во прилог е дописот на Претседателот на меѓународната асоцијација Kangourou sans frontieres.
ПОВЕЌЕ ВИДИ ТУКА
24/06/2015
ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА (ЈБМО 2015)
Македонската јуниорска репрезентација која учествува на 19-тата Јуниорска Балканска Математичка олимпијада освои две бронзени медаљи. Бронзени медаљи освоија
Милан Самарџиски
Надежада Илева.
СММ им го честита успехот и посакува се најдобро во нивната натамошна кариера. повеќе види на
http://www.dms.rs/jbmo/results/results.html
Оваа година македонските репрезентации на меѓународните натпревари во извонредно силни конкуренции досега освоија вкупно 7 медаљи и една пофалница, не сметајќи го Европскиот математички куп каде македонските ученици осовоија 15 одличја. СММ на сите им го честита успехот, кое е секако успех на СММ и на нашиот образовен систем. На нашата репрезентација која од 04.07.2015 до 16.07.2015 година учествува на Интернационалната математичка олимпијада и СММ и посакува успех, да се продолжи со големите постигања оваа година....
Претседател на СММ
Алекса Малчески
27/06/2015
ОДЛИЧЈА _НАТПРЕВАРИ 2015
ПОЧИТУВАНИ
Материјалите-одличја: Дипломи, Пофалници, Потврди и Благодарници а кои се однесуваа на натпреварот Кенгур 2015 се дистрибуирани на целата територија на Република Македонија.
Исти материјали, Дипломи, Пофалници и Потврди а кои се однесуваат за Општинските, Регионални и Државните натпревари како за основно така и за средно образование се исто така дистрибуирани.
Училиштата од населени места кои не се од регионот на градот Скопје, материјалите треба да ги добијат по пошта. Заради тоа, ако не сте ги добиле материјалите, благовремено да ги побарате во помесните пошти.
Со почит
Алекса Малчески
24/06/2015