Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015 (BMO 2015)

Во периодот од 03.05.2015 до 08.05.2015 година, во Aтина, Република Grcija ќе се одржи 32-тата Балканска Математичка Олимпијада, мандат добиен од бордот на MASSEE  на состанокот од 28 април 2014 година. Република Македонија на истата ќе учествува на вообичаен начин, со 6 натпреварувачи, Лидер и Депутилидер. Правилата за одржување на истата се стандардни како и во претходните години. Изборот на нашата екипа ќе се направи по одржување на Македонска Математичка Олимпијада, закажана за 04.04.2015 година(терминот се помести заради празникот Велигден). На сите ученици кандидати за состав на тимот им пожелуваме успех. 
Претседател на СММ
Алекса Малчески

22/03/2015

EGMO 2015

На ден 20.03.2014 година се спроведе изборен натпревар за екипа на EGMO 2015. Од седум повикани кандидати на дополнително тестирање за избор на екипа: Теодора Бујароска, Климентина Крстеска, Теа Стоилковска, Мими Филова, Анастасија Трајанова, Ана Чалоска, Сања Симоновиќ, ласман на 4-тиот натпревар EGMO 2015 обезбедија Теодора Бујароска,Теа Стоилковска, Анастасија Трајанова и Сања Симоновиќ. Сојузот на математичари им пожелува успех и добар индивидуален и тимски пласман на натпреварот, кој оваа година ќе се одржи во Минск, Република Белорусија. Повеќе за настанот EGMO 2015 можете да видите на сајтот egmo.org. 
Со почит, 
претседател на СММ
Алекса Малчески

21/03/2015

ЈУНИОРСКА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015 (JBMO 2015)

ПОЧИТУВАНИ
Во периодот од 24.06.2015 до 29.05.2015 година, во Белград, Република Србија ќе се одржи 19-тата Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада. Република Македонија на истата ќе учествува на вообичаен начин, со 6 натпреварувачи, Лидер и Депутилидер. Правилата за одржување на истата се стандардни како и во претходните години. Изборот на нашата екипа ќе се направи по одржување на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада, закажана за 30.05.2015 година. На сите ученици кандидати за состав на тимот им пожелуваме успех. 
Претседател на СММ
Алекса Малчески

21/03/2015

ПИСМА ПОКАНИ ЗА УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2015

Почитувани
Регионалниот натпревар за учениците од основото образование ќе се одржи на 28.03.2015 година во 22 региони во Република Македонија. На истиот ќе учествуваат следните ученици: 
Регион Берово, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица     види тука
Регион Дебар, Центар Жупа, Маврово Ростуше види тука
Регион Гевгелија, Дојран, Валандово, Богданци види тука
Регион Кочани, Виница, Зрновци, Чишиново-Облешео  види тука
Регион Крива Паланка, Кратово, Ранковце види тука
Регион Охрид, Белчишта  види тука
Регион Битола, Ресен, Могила, Новаци, Демир Хисар  види тука
Регион Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија  види тука
Регион Струга, Вевчани  види тука
Регион Струмица, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово, Конче  види тука
Регион Тетово, Врапчиште, Јегуновце  види тука
Регион Велес, Градско, Свети Николе, Чашка, Лозово  види тука
Регион Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Долнени, Кривогаштани  види тука
Регион Штип, Пробиштип, Карбинци  види тука
Регион Гостивар, Боговиње, Врапчиште  види тука
Регион Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Орашец, Клечовце  види тука
Регион Скопје-Центар   види тука
Регион Скопје-Кислеа Вода, Аеродром, Зелениково, Студеничани, Сопиште види тука
Регион Скопје-Гази Баба, Илинден, Петровец  види тука
Регион Скопје-Карпош, Ѓорче Петров, Сарај  види тука
Регион Скопје-Чаир, Бутел, Чучер Сандево, Шуто Оризари  види тука

Сојузот на математичари на Македонија им пожелува на сите учесници успех на натпреварот. 

27/03/2015

Страни: ‹ First <8485868788> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.