МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015-КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧИТУВАНИ
На 04.04.2015 година во Универзитетот ФОН-Скопје, се одржа Македонската математичка олимпијада 2015, за учениците од средното образование. По бројот на учесници најголема досега, што и се покажа како оправдано, според постигнатите резултати. Иако условите во кои се одржа олимпијадата, традиционално се скромни, провејуваше, доминантна беше, како никогаш досега силно академска атмосфера од сите учесници на истата: професорите-ментори, натпреварувачите, родителите, комисиите. СММ им се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа ОЛИМПИЈАДА. Притоа се постигнаа одлични резултати, кои може да се видат тука.
На истата, традиционално, на крајот на натпреварот беше избрана екипата која ќе не претставува на БМО 2015 и ИМО 2015 (учесниците може да се видат од поставениот список). СММ им посакува успеси на претстојните натпревари.
Со почит
Алекса Малчески
12/04/2015
5-ти конгрес на математичарите на Македонија_ЗБОРНИК ОД ТРУДОВИ-МАТЕМАТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
ПОЧИТУВАНИ
Во печат влезе првиот од серијата ЗБОРНИЦИ од 5-от конгрес на математичарите на Македонија. Првиот ЗБОРНИК е од делот МАТЕМАТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ. Бидејќи документите се големи истиот е логиран овде по делови.
прв дел (види тука)
втор дел (види тука)
трет дел (види тука)
четврт дел (види тука)
петти дел (види тука)
шести дел (види тука)
12/04/2015
УЧЕСНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2015 ГОДИНА
Согласно Правилникот за организирање и изведување на натпревари во основното образование, учество на Државниот натпревар за основно образование 2015 обезбедија следните ученици
7-мо одделение
8-мо одделение
9-то одделение
Право на учество, според Правилникот за организирање и изведување на натпревари во основното образование, имаат и оние ученици кои во минатата година на МММО освоиле најмалку награда.
Почитувани
И понатаму имаме проблеми со логирањето на документите на сајтот. Доколку има некаков проблем ве молиме направете допис на natprevari.smm@gmail.com
02/04/2015