Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ КЕНГУР 2015_прв дел_средна_школа

ПОЧИТУВАНИ
Во прилог се резултатите од МЕЃУНАРОДНИОТ МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР-2015 година
прва       година  види тука
втора     година  види тука
трета     година  види тука
четврта година  види тука
Се замолуваат сите училишта учесници на натпреварот да направат проверка на табелите и за било каква неправилност да не известат на меилот natprevari.smm@gmail.com
Со почит
Претседател на СММ
Алекса Малчески

20/05/2015

ОД СВЕТОТ НА МАТЕМАТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ
Во периодот од 23.08.2015 до 27.08.2015 во организација на проф.д-р Никола Тунески, Машински факултет-Скопје, во Конгресниот центар на  универзитетот св. Кирил и Методи-Охрид, ќе се одржи 11-тата по ред меѓународна конференција  Geometric Function Theory and Applications-GFTA 2015 (меѓународен програмски одбор). Поканети се еминентни предавачи од областа(види http://www.research-publication.com/index.php/gfta-2015). Учество на конференцијата може да земат и математичари од било која математичка област, со претходно пријавување на истата (повеќе види: тука 
Со почит
Претседател на СММ
Алекса Малчески



10/05/2015

БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015 (BMO 2015)

БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2015
Во периодот од 03.05.2015 до 08.05.2015 во Атина, Република Грција се одржа 32-та Балканска математичка олимпијада. Нашата репрезентација како и сите други учесници беа сместени во прекрасниот амбиент на хотелот Корал. Нашите екипа, која беше во комплетен состав, како и минатите години постигна забележителен успех, освојувајќи четири бронзени медаљи. Освојувачи на медаљи се следните ученици:
  1.Андреј Илиевски
  2.Никола Грунчевски
  3. Андреј Иванов
  4. Божидар Стеваноси. 
Сојузот им го честита успехот на нашите репрезентативци, а на целата репрезентација и посакува успех на претстојната Интернационална математичка олимпијада која оваа година ќе се одржи во Чианг Маи, Кралството Тајланд. 
Резултати од BMO 2015,  види http://www.hms.gr/32bmo2015/results.htm
Задачи BMO 2015 види http://www.hms.gr/32bmo2015/problems.htm
Претседател на СММ
АЛекса Малчески 

10/05/2015

ОД СВЕТОТ НА МАТЕМАТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ
На ден 05.05.2015 година во кампусот на Техничките фкултети, односно во просториите на Факултетот за електротехника и информациски се одржа промотивно одбележување на Денот на Диференцијаните равенки во Македонија. Инцијативен одбор за одбележвање на датум беа Проф.д-р Боро Пиперевски, проф. д-р Лазо Димов и Проф.д-р Борко Илиевски. На настанот пред поголем број на присутни се одржа трибина на тема: 
     “За сличноста и различноста на Динамичките системи и Автономните
                               системи диференцијални равенки”
Официјално соопштение: види тука

10/05/2015

Страни: ‹ First <8081828384> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.