НАГРАДИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР ЗА 2013/2014 ГОДИНА
Почитувани
Преку Македонски пошти испорачани се наградите за Меѓународниот натпревар Кенгур за учебната 2013/2014 година за средно образование. Притоа распределбите на наградите се:
-книгата Маѓународен натпревар Кенгур 2013 година е за сите второнаградени ученици
-книгата Натпревари по математика 1998/1999 година е за првонаградените ученици од 3-та и 4-та година
-книгата Елементарна математика е за првонаградените ученици од 1-ва и 2-ра година
Вишокот книги од било кој наслов, доколку има во вашиот пакет е поклон за вашата училишна библиотека.
Покрај тоа испратени се и ПОТВРДИ за настаниците кои беа во Комисија за прегледување на Регионалниот натпревар за учениците од средното образование. Списоците се објавени во книгата Натпревари по математика во средното образование 2013/2014 година која е во нашата галерија на книги на оваа страна.
Наградите за основно образование ќе бидат испорачани во текот на месец Јануари.
Со почит Алекса Малчески
25/12/2014
СИГМА 105
Почитувани
Од печат влезе четвртиот број на математичкото стручно списание СИГМА 105. Истиот можете да го нарачувате на стандардните начини како што се нарачува списанието во сите изминати години.
Со почит
Алекса Малчески
претседател на СММ
24/12/2014
СИГМА 104
Почитувани
Од печат излезе четвртиот број на математичкото стручно списание СИГМА 104. Истиот е дистрибуиран преку Македонски пошти. Ве замолуваме во текот на наредните денови да ги подигните сопствените пакети.
Со почит
Алекса Малчески
претседател на СММ
24/12/2014
НОВА КНИГА
ПОЧИТУВАНИ
Од печат излезе книгата Вовед во елементарна теорија на броеви. Истата може да се најде во галеријата на книги на овој сајт и преку него да се порача. Бројот на книги од областа на теоријата на броеви е секако огромен. Но книги наменети за почетно усвојување на знаења од оваа област, наменета за учениците од 6-9 одделение има многу малку, а секако не на македонски јазик до сега. Во предложената книга е направен обид материјалот од оваа област да се приближи на учениците од оваа возраст, за да можат да напредуваат кон пософистицирани содржини од математиката и сродните области. Се надеваме дека овој обид ќе биде успешен, а на идните читатели им пожелуваме многу успех.
23/12/2014