ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРИ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
Согласно член 3 од правилникот за организирање и одржување на натпревари во средното образование, СММ е должен да ги објави темите за натпревари. Покрај тоа што тие се јавно објавени во брошурата која можете да ја најдете на овој сајт, дополнително, посебно ги објавуваме темите за натпревари.
Теми за натпревари во категорија А (види тука)
Теми за натпревари во категорија Б (види тука)
19/12/2014
EUROPEAN MATHEMATICAL CUP 2015 (EMC 2015)
ПОЧИТУВАНИ
На 14.12.2014 година, по највисоки стандарди за одржување на математички олимпијади, се одржа третиот Европски математички куп. Најголемиот дел од најдобрите ученици на минатогодишните олимпијади ММО 2014 и ЈММО 2014 добија прилика за учесто на уште една маѓународна олимпијада. Секако дека тоа е добро за нив бидејќи соочување со меѓународната конкуренција е една од правите мерки за нивниот квалитет и ниво на развој до кое се дојдени во моментот.
ГОлема благодарност до Хрватското математичко друштво Марин Геталдиќ кое ни овозможи да учествуваме со така голем број на натпреварувачи.
Голема благодарност за Машинскиот факултет-Скопје, кој овозможи благопријатни услови за одржување на натпреварот.
Со почит
Алекса Малчески
15/12/2014
НОВИ КНИГИ
ВО галеријата на книги уште две нови книги.
Меѓународен натпревар кенгур 3-4 година (види тука)
Натпревари по математика 198/1999 година (види тука)
12/12/2014
Натпревари_по_математика_средно_образование_2014_година
Почитувани
Од печат излезе книгата НАТПРЕВАРИ ПО МАТЕМАТИКА ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2014 година. Во книгата е даден комплетен опис на натпреварот со сите детаљи: натпреварувачки задачи, резултати, домаќини на натпреварите, списоци со КОМИСИИ ПРЕГЛЕДУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ ЗА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР. Истата се наоѓа и во галеријата книги и може слободно да се нарачува. повеќе види тука
11/12/2014