ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП
ПОЧИТУВАНИ
Согласно член 4 од правилникот за одржување на натпревари во средното образование, како и член 4 од Правилникот за одржување на натпревари во основното образование, СММ одлучи оваа година да го организира престижниот математички натпревар ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП(European Mathematical Cup; EMC).
Со овој чин, се овозможува на поглем број од листата на учесници на ММО 2014 и ЈММО 2014 да земат учество на реномирани меѓународни натпревари (од секоја листа според пласманот ќе се изберат по 15 натпреварувачи).
Техничките стандарди под кои ќе се спроведе EMC се еднакви на техничките стандарди под кои спроведува IMO.
Правилата под кои се спроведува EMC се пропишани од страна на организаторот и СММ потполно ги прифаќа. СММ ја користи можноста за воведување на дополнителни правила, како локален организатор, а се однесуваат само на територијата на Република Македонија.
НАГРАДИТЕ СЕ МЕЃУНАРОДНИ.
правилник EMC(види овде)
покана за учество_дополнителни правила(види овде)
задачи и решенија од прв и втор европски математички куп(види овде)
04/12/2014
Правилници за одржување на натпревари во основното и средното образование
ПOЧИТУВАНИ
Ве информираме дека правилниците за организирање на натпревари во основното и средното образование се јавно објавени на страната на СМM:www.smm.coim.mk, како вест од ден 06.03.2014. година. Во оваа вест повторно ги објавуваме истите за да бидат достапни за секого во секое време:
-Правилник за организирање и изведување на натпревари по математика во основно образование(види тука)
-Правилник за организирање и изведување на натпревари по математика во средното образование(види тука)
04/12/2014
Книга со апстракти од 5-от конгрес на математичарите на Македонија
На страната е поставена Книгата со апстракти од 5-от конгрес на математичарите на Македонија, како СЛОБОДНО ИЗДАНИЕ. Истата може да се најде во делот книги.
20/11/2014
Стари броеви на математичкото списание СИГМА
ПОЧИТУВАНИ
На страната на СММ како СЛОБОДНИ ИЗДАНИЈА ќе бидат објавувани стари броеви на Сигма за кои ќе се обезбеди соодветен електронски запис. Со ова ќе се обезбеди достапност на нестандардни математички содржини кои ги има во списанието, а кои се корисни во припремата на учениците за натпревари. Се надеваме дека ваквите изданија ќе придонесат за изградба на квалитетни млади математички кадри.
Во ваквите изданија нема да се содржат решенијата на задачите од некои рубрики за кои се веќе оформени соодветни збирки кои се издадени или не се издадени.
04/11/2014