Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР-ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 2019-ФИНАЛНИ РЕЗУЛТАТИ///ЈММО 2019

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ 
На ден 12.05.2019 година се одржа 44-тиот Државен натпревар за учениците од основното образование. Со досега најглем број на натпреварувачи, се постигнаа следните резултати:
VI     одделение     види тука
VII    одделение     види тука
VIII   одделение     види тука
IX     одделение     види тука
За ЈММО 2019 се пласираа кандидатите од следната листа:
ЈММО 2019 година    вии тука
Местото и времето на одржување на ЈММО 2019  дополнително ќе бидат соопштени. 
Со почит 
Алекса Малчески
________________________________________________________________________
Од светот на математиката
Вториот круг на КЕНГУР 2019 како и минатата година и оваа година ќе се одржи на 01.06.2019 година. Точното време и место на одржување на натпреварот дополнително ќе го соопштиме. 
Со почит 
Алекса Малчески


15/05/2019

ИЗБОР НА ТИМ ЗА ИМО 2019 (интернационална математичлка олимпијада)

ПОЧИТУВАНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ
Ви се обраќаме како организација на чија одговорност е изборот на тим за ИМО 2019 (Интернационална математичка олимпијада 2019). Помина една од најтешките години во историјата на СММ. Но во маките се познаваат и јунаците. После екстремно напорна година и учество на повеќе реномирани олимпијади, меѓу кои покрај ИМО и најреномираните како АПМО, МеМО, ЕМЦ , ЕГМО и ИГО  избравме тим за ИМО, за кој сметаме дека е еден од најдобрите во последниот период на СММ. 
Тимот се состои од 
1. Кендреса Селими
2. Лука Грашковски
3. Михаела Хаџиска
4. Блаже Суклевски
5.Анастасија Тортевска
6. Благоја Младенов
Ние да им посакаме успех на овој најголем и најпрестижен настан од средношколската математика воопшто, а посебно нашите избраници да имаат среќа. 
На сите соработници на СММ им се заблагодаруваме, кои иако не се многу на број се надминаа себеси и направија една од најдобрите работи кои можеа да ја направат, а секако се е во интерес на нашите најмлади колеги натпреварувачи. 
За крај, ги објавуваме списоците по кои се избра овој тим. 
БМО 2019    види тука
лист за избор за олимпијади     види тука
Комисија за натпревари при СММ
претседател на СММ 
Алекса Малчески


12/05/2019

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019

ПОЧИТУВАНИ
Денеска на МФС се одржа државниот натпревар за учениците од основното образование. Во прилог се решенијата на задачите од овој натпревар. 
решенија на задачите     види тука
Со почит 
Алекса Малчески

12/05/2019

ОДЛИЧЈА ОД ОВОГОДИШНИОТ СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
Денаска убав ден. Државен натпревар за учениците од основното образование, избор на екипа за ИМО 2019 и најважно за вас, додлеување на ОДЛИЧЈА ОД ОВОГОДИШНИОТ СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРИ. Во текот на една недела се изготвија преку 30000 документи кои се материјален израз за вашиот ангажман во оваа учебна година (се однесува само за основното образование). Во текот на одржување на натпреварот можете да ги подигнете на МФС-СКОПЈЕ. 
Во случај да не го сторите тоа, истите можете да ги подигнете во текот на мај месец и тоа, секој вторник од 12:00 до 13:00 часот, и секој четврток исто од 12:00 до 13:00 часот на МФС. 
Со почит
Алекса Малчески
_________________________________________________________________________
ОД СВЕТОТ НА МАТЕМАТИКАТА

11/05/2019

Страни: ‹ First <23456> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.