Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ЈБМО 2019

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ на нашата држава
Во периодот од 20.06.2019 до 25.06.2019 година во АГРОС, Република Кипар се одржува 23-тата регионална математичка олимпијада ЈБМО 2019 година. Нашата екипа се состои од 9 члена од кои 6 натпреварувачи, еден обсервер, депути лидер Димитар Треневски и лидер Слаѓана Брсакоска. Нашата екипа, и покрај општите тензии како домашни така и  надворешни, освои ДВЕ СРЕБРЕНИ МЕДАЉИ и ЕДНА БРОНЗЕНА МЕДАЉА. Благодариме дечки. Благодариме на целата наша екипа. 
Освојувачи на сребрени медаљи се
1. Јасна Илиева
2. Дамјан Давков
а освојувач на бронзена медаља е
3.Никола Спировски
Со почит 
проф.д-р Алекса Малчески 

23/06/2019

СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ НА МАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ МАТЕМАТИЧАРИ
Ве известувам дека до СММ е доставена листа со потребниот број потписи на инцијатори за свикување на вонредно собрание(ваква листа во изминативе девет месеци е за прв пат доставена до СММ). 
прилог листа  1  види тука
прилог листа  2  види тука
прилог листа  3  види тука
По инцијатива на предлагачите се закажува Собрание(вонредно) на СММ на ден 02.07.2019 година со почеток во 10:00 часот во просториите на Машинскиот факултет-Скопје. Дневниот ред е дел од дописот кој е доставен и логиран на сајтот во оваа вест. 
Напоменувам дека согласно статутот Вонредното собрание мора да работи исклучиво по дневниот ред по кое е закажано. 
Со почит 
проф. д-р АЛекса Малчески

23/06/2019

ОД СВЕТОТ НА МАТЕМАТИКАТА

ПОЧИТУВАНИ
Ве известуваме дека ВТОРИОТ КРУГ НА КЕНГУР 2019 ќе се одржи на ден 
       08.06.2019 година на МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ со 
                    почеток во 10:00 часот
Промената на времето на одржување е од технички причини на организаторот на натпреварот. ВРЕМЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ е ВТОРНИК 04.06.2019 година до 12:00 часот(на пладне). 
Со почит

02/06/2019

ЈУНИОРСКА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2019

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ, ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА НАШАТА ДРЖАВА
Ве известуваме дека заврши Јуниорската македонска математичка олимпијада 2019 година. Нашите и ваши избраници покажаа невидена борбеност во битката за медал. Заради тоа, на сите учесници на ЈММО 2019 им го честитаме успехот. 
прилог листа на пласман на ЈММО 2019     види тука
Уште пожестока беше и борбата за пласман на ЈБМО. Сепак на крајот за пласман на ЈБМО 2019 одлучуваат резултатите постигнати во текот на целата година на нашите натпревари. На нашите шест избраници
1. Никола Спировски
2. Дамјан Давков
3. Јасна Илиева
4. Давид Ставров
5. Марија Атанасова
6. Филип Бојаџиевски
им го честитаме успехот и на ЈБМО 2019 им посакуваме успех. 
прилог    листа со пласман во 2019 година    види тука
Со почит 
проф. д-р Алекса Малчески

26/05/2019

Страни: <1234> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.