Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ИНФОРМАЦИЈА ОД АДМИНСТРАТИВН-ТЕХНИЧКИ КАРАКЦТЕР-ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Почитувани колеги
СММ ве известува дека процесот на припрема на Општинскиот натпревар за учениците од средното образование е во завршна фаза. СММ ги повикува претставниците на општините 
                Крушево, Охрид, Македонски Брод, Штип, Центар-Скопје, Кичево,
            Скопје-Кисела Вода,Скопје-Гази Баба, Скопје-Бутел, Скопје Аеродром

доколку имаат намера да направат натпревар, да се обратат директно кај претставникот на СММ, (075321093) и да најдат начин да го подигнат својот спремен пакет за натпревар. Истиот треба да го реализираат. 
Со почит 
админстративно техничко лице при СММ

24/01/2019

ИНФОРМАЦИЈА ОД АДМИНСТРАТИВНО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР

ПОЧИТУВАНИ ученици, колеги, граѓани на Република Македонија
СММ ве информира дека Општинскиот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи на 26.01.2019 година. Во прилог е писмото покана за учество на овој натпревар кој е од суштински карактер во натпреварите за учесниците од средното образование. 
писмо покана       види тука
Писмото покана во текот на утрешниот ден ќе биде дистрибуирано до школите од република Македонија преку компанијата Македонски пошти.
Ве информирам дека според правилникот за натпревари при СММ, на Регионалниот натпревар се учествува само со пласман на овој натпревар, а дополнително право на учество имаат наградените ученици на минатогодишниот државен натпревар. Заради тоа, ги повикувам школите од општините кои не се на списокот на учесници да го преиспитаат својот однос како према СММ така уште повеќе кон учениците од средното образование. 
Со почит
Алекса Малчески
административно-техничко лице при СММ

20/01/2019

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2019

АДМИНСТРАТИВНО-ТЕХНИЧКА ВЕСТ
ПОЧИТУВАНИ  колеги, ученици, граѓани на Република Македонија
Како граѓанско лице, застапник на СММ должен сум да го организирам Општинскиот натпревар за учениците од средното образование 2019, согласно законите и правилниците за работа во оваа сфера. Како што е веќе познато, натпреварот се организира во САБОТА, 26.01.2019 година. СММ во голема мера успеа до обезбеди домаќини за овој натпревар. Во прилог е списокот на училишта и ментори кои ќе бидат домаќини на оваа значајна манифестација за Република Македонија. 
список      види тука
Останатите општини кои немаат свои претставници во моментот на пишувањето на овој допис до вас, која како ќе се договори, може слободно да се приклучи на оваа манифестација до среда 23.01.2019 година до 12 часот на пладне(материјалите за сите 42 општини се веќе припремени и треба да се достават до организаторите на натпреварот). СО секоја пријава на нова општина ќе се логира на сајтот нов список на организатори. 
Темите за натпревари се веќе објавени во претходни меилови и ви препорачуваме да ги пребарате вестите заради ваша подобра информираност.  
Админстративно техничко лице при СММ


19/01/2019

ИНФОРМАЦИЈА

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ 
Добив известување за одржан состанок на Управниот одбор на СММ. Во известувањето стои дека наводно е закажано собрание на СММ за 22.12.2018 година. Меѓутоа од состанокот не добив записник на кој се потпишани сите присутни членови на тој собир. Тоа значи дека известувањето кое сум го примил нема правен легитимитет, се додека не биде потпишано од сите присутни членови на тој состанок.
Покрај тоа, напоменувам дека со усвојувањето на мојата оставка на последното собрание престанува мандатот и на УО на СММ како и НО на СММ. Тоа значи дека свикување на следно собрание, согласно Статутот на СММ може да биде направено само со потписи на 30 членови на претходните две собранија. Се до избор на нов Претседател и нови тела на СММ претседателот и телата можат да вршат само технички активности. Заради тоа, ве известувам дека уредно доставен список од потпишани членови на СММ, кои ги има на списоците за последните две собранија, и истиот заведен со деловоден број е единствен начин за одржување на легитимно Вонредно собрание на СММ. Се што ќе направиме спротивно на ова подлежи на законска регулатива. Затоа ве молам во најскоро време да доставите соодветен список со ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ со однапред утврден дневен ред, кој согласно статутот на СММ не смее НИКАКО да се менува на самото СОБРАНИЕ. 
Последното е од особена важност, бидејќи во доставената информација некој си зел за право на собранието да му назначува претседателство. Ова е или тотално незнаење или грубо кршење на статутот на СММ, бидејќи Собранието го бира управниот одбор и не може Управен одбор кој што е во оставка да бира претседателство на СОбранието. Согласно Статутот своите тела Собранието ги бира САМО, и никој друг нема право да се меша во работата на Собранието на СММ. 
Во текот на денот преку една ФБ-страна контролирана од лица кои изминатава година грубо манипулираат со македонската јавност, се прави контролиран повик за регистрација на луѓе за организирање на собрание, надвор од Статутот на СММ. Секој таков обид е НЕЛЕГИТИМЕН кој работењето на СММ го воведува во БЕЗЗАКОНИЕ се со цел за реализирање на амбициите на една мала група на луѓе. Дел од нив во изминатиот период го контролираат СММ и безмалку оставија пустош во неговото работење, што го доведе СММ пред комплетен банкрот, за што беа потребни 5-6 години на работење за сосотојбите во СММ да се доведат до ред. За жал истите овие луѓе го блокираат пласманот на списанијата НУМЕРУС и СИГМА, со што тиражот е драстично паднат и тоа благодарение на роднинските врски на еден од професорите од оваа група... 

18/12/2018

Страни: ‹ First <1516171819> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.