ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2016 и 2017 година со ПОЈАСНУВАЊА
Изминативе десетина денови на една фејсбук страница се појавија низа невистини околу материјално-финансиското работење на СММ. Имајќи предвид дека СММ е сериозна организација, иако до сега не било пракса, на увид на целокупната макеоднска јавност ја ставам завршната сметка за 2017 година, од која заинтересираните лица може да се здобијат со созанија и за претходната 2016 година. Притоа сакам да укажам на неколку работи, т.е. да појаснам неколку ставки од истата, бидејќи лицата кои блатат на социјалните мрежи селективно споделуваат информации се со цел многу пати повоторените лаги да бидат од јавноста прифатени како вистини:
напис види тука
16/11/2018
ДНЕВЕН РЕД НА СОБРАНИЕТО НА СММ
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
Собранието на СММ ќе се одржи на 17.11.2018 година. ВО прилог е
ДНЕВНИОТ РЕД на СОБРАНИЕТО на СММ види тука
Ви посакуваме пријатна работа на оваа манифестација.
Со почит
Алекса Малчески
претседател на СММ
16/11/2018
СОБРАНИЕ НА СММ НА УНИВЕРЗИТОТ ФОН
Почитувани
Сојуозт на математичари на Македонија ве известува дека собранието ќе се одржи на
Унивезитетот ФОН со почеток во 12 часот
Точниот дневен ред ќе биде објавен во текот на утрешниот ден.
Со почит
Алекса Малчески
13/11/2018
СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ НА МАТЕМАТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА ПОЧИТУВАНИ
Граѓани
на Република Македонија, почитувани професори, наставници, директори,...
Сојузот на математичари на Македонија ги отфрла сите
инсуинации и неостватерни желби во целост на некои особи кои и не се членови
на Сојузот и на Собранието на Сојузот, а кои се пласираат во јавност изминатите
денови.
Согласно Статутот на СММ Собраниенато СММ може да биде свикано како редовно
и вонредно (член 18).
Вонредно Собрание може да биде свикано по иницијатива на Надзорниот одбор,
Управниот одбор, по писмено барање од најмалку три здруженија во Сојузот или по
најмалку 30 членови на Собранието!
Заклучно со 09.11.2018 година на мејл адресите кои се добро познати во
јавност нема пристигнато ваква иницијатива, а во архивата на СММ пристигна еден
ваков допис. Заради истиот се свикува и собрание...
Редовно собрание: Седницата на собранието ја свикува Претседателот на
Сојузот, со писмено известување до членовите на Собранието. (член 18 од
Статутот на СММ)
Што се однесува до активностите на Управниот одбор на Сојузот и на некои
негови членови кои и не се членови на Собранието, а со години одбиваа да
работат во Сојузот, сакаме да ве информираме дека надлежностите на Управниот
одбор се дефинирани во член 24 од Статутот на Сојузот.
Управниот одбор кој се свикал и тајно одлучувал надвор од сите своите
надлежности и со тоа драстично го прекршил Статутот на Сојузот!
Согласно член 28 од Статутот на Сојузот, за работењето, претседателот на
Сојузот одговара пред Собранието. Оттука, Управниот одбор нема надлежности да
дискутира на тема оставка на Претседателот, единствено надлежно за тоа е
Собранието.
Ова покажува дека некој, кој до вчера добиваше било каков( а некогаш и не
мал) ангажман во СММ, одеднаж му текнува на сила да се обидува да го превземе работењето на
Сојузот, што е спротивно на Статутот на СММ. Притоа истите особи не се либат да
манипулираат, да лажат и да сеат злоба во фелата, заборавајќи на сите резултати
кои СММ ги постигна изминатиот период и покрај нивните континуирани-константни
опструкции кои се простираа и меѓународно!
Имајќи во предвид претходно кажаното, Согласно член 18 од Статутот на
Сојузот, на 17.11.2018 година е свикано редовно Собрание на Сојузот, на кое
покрај избор на нов Претседател на СММ ќе биде даден и целосен отчет за
работата на СММ во изминатиот период, како и за работата на Управниот одбор и
Надзорниот одбор, а посебно на некои негови членови(се разбира и за нивните меѓународни
негативни активности пред се за СММ кои се веќе и докажливи)!
Не е секогаш мој стил на работа да пишувам писма и соопштенија од ваков
тип, но некогаш, кога човек е принуден, мора и тоа да го направи. Заради тоа ви
се обраќам ВАМ, почитувани...
статут на СММ види тука
писмо од Надзорен одбор види тука
Претседател на СММ
проф.д-р Алекса Малчески
11/11/2018