Дома| Вести| Контакт| Кошничка|Македонски [ + ]
Дома  |  Вести

ИНФОРМАЦИЈА ОД ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР-Записник од Собранието на СММ, 17.11.2018

      Почитувани граѓани на Република Македонија 
      Се случија разноразни настани и написи поврзани со Собранието на Сојузот на математичари на Македонија, одржано на 17.11.2018 година. Но секако истите се од незваничен карактер, крајно октроисани што секако ги прави парцијално точни-грешни. 
      Задачата моја која како техничко лице ја имам е да направам целосен извештај за настанот на кој учествуваа 69-71-103 лица (реално присутни на крај на Собранието од 17.11.2018-запишани во списокот на членови на Собранието на СММ од 17.11.2018-присутни на почетокот на Собранието на СММ од 17.11.2018). На сите 103 присутни члена од почетокот на Собранието на почеток на истото им беше овозможено да имаат неприкосновено право на глас, како и на претходното собрание, за избор на Претседател на СММ, Управен одбор на СММ, назорен одбор на СММ. Но што се се случи на ова собрание, повелете од    

                      ЗАПИСНИК ОД седница на СОБРАНИЕ НА СММ               
                                                    види тука 

       Записникот е изработен врз основа на забелешките од записничарот и истиот на 22.11.2018 беше доставен на увид на Претседавачот на Собрание, записничарот и оверувачите на записникот. Оверувачот на записникот д-р Мартин Лукаревски побара да се вметнат 2-3 мали незначителни забелешки и истиот до ден 26.11.2018 година не ги достави. На 26.11.2018 година го извести Претседавачот на Собрание дека малку му е тешко да го потпише записникот без да даде забелешки на истиот или образложение зошто не го потпишува иако според неговите кажувања Запсиникот во целост ја отсликува состојбата и текот на Собранието. 
      На сегашните членови на Собранието на СММ, како техничко лице им посакувам пријатна работа во ОРГАНИЗАЦИЈА на наредното ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ на СММ.  

       Административно-техничко лице
                  Алекса Малчески

26/11/2018

.ИНФОРМАЦИЈА ОД ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР. НУМЕРУС 2018/2019

Почитувани корисници на производите од СММ.
Ве информирам дека првите броеви на научно-популарните списанија НУМЕРУС(за учениците од основното образование) и СИГМА( за учениците од средното образование) се во продажба од 15.09.2018 година. Од неразјаснети причини до ден денешен тие не се доставени до вас. Ве замолувам како човек вашите повици да ги пренасочите кон телефонскиот број 075 321 093, кај единственото лице кое е надлежно за достава на овие производи до вас. Да напоменам дека сите обврски према сите инволвирани лица во предпродажба се повеќе од исполнети. Вторите броеви додека не се направи испорака на првите бреви не може да влезат во печат. 

Административно-техничко лице при СММ

25/11/2018

ИЗВЕШТАЈ ОД ОДРЖАНОТО СОБРАНИЕ НА СММ ОДРЖАНО НА 17.11.2018 година

Почитувани граѓани на Република Македонија. Оваа вест е од технички карактер, и не може да се смета како дел од соопштенијата на СММ, како сите претходни соопштенија. Kако административно-техничко лице должен сум да ве известам, на истото место каде што се и претходните соопштенија за настанатите промени во СММ, што се случија во саботата, 17.11.2018 година. На почеток во прилог е списокот на членови на СММ кои сакаа да бидат и делегати на Собранието на СММ, а уредно го поставија својот потпис на евиденционите списоци:                     
               список на членови на Собранието на СММ     види тука

Покрај тоа што беа создадени услови да се избере ново конктретно раководство на СММ (беа присутни околу 105 членови на СММ) до тоа не дојде. Единствено се прифати оставката на претседателот, како и тоа дека се прифати неговиот извештај за работата во претходните години. Од неразјаснети причини еден дел од колегите кои беа таму присутни, немаа желба да продолжат да работат, и на еден повик на еден претставник(кој не е член на СММ како ниту член на претходното Собрание и ниту е член во новото Собрание) ја напуштија салата за состанок. Останатите членови на СММ имаа доблест и констатираа дека и покрај тоа што има голем кворум за работа(30 членови повеќе од тоа што е потребно да се одржи собрание), Собранието најдобро е да прекине со својата активност, и останатите четири точки да не се спроведат. Членовите од претходниот список се должни, како единствени валидни членови на Собранието на СММ во наредниот период да организираат спроведат ново Собрание на СММ.

Со почит
административно техничко лице на СММ

18/11/2018

ИЗВЕШТАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СММ

ПОЧИТУВАНИ
Заради неоправданите критики упатени на мое име, во прилог го ставам ИЗВЕШТАЈОТ за мојата работа во наведениот период. 
извештај     види тука
Со почит 
Алекса Малчески
Претседател на СММ

17/11/2018

Страни: ‹ First <1617181920> Last ›

Зачленете се и добивајте вести за сите нови книги и списанија.

Бидете секогаш информирани.